Отворени се сите зелени пазари

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ врши постојана дезинфекција, а постави и редари за максимално почитување на посебните услови. Тоа значи дека сите продавачи треба да носат заштитни маски и ракавици, а истите заштитни мерки важат и за купувачите.