Решение за свикување на триесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08 -1720 /1, 05.03.2020 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
 
Решение за свикување триесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица
 
Ја свикувам триесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за ден 12.03.2020 година (четврток).
Триесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата го предлагам следниот:
 
Дневен  ред:
 
1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2019 година;
2. Годишен извештај на Општина Струмица за 2019 година;
3. Предлог - Завршна сметка на Буџетот на општина Струмица за 2019 година;
4. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2019 година;
5. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на меѓународната соработка за 2019 година;
6. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2019 година;
7. Извештај за реализација на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2019 година;
8. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2019 година;
9. Извештај за реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2019 година;
10. Извештај за реализација на Програмата за урбанистички планови во Општина Струмица за 2019 година;
11. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2019 година;
12. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2019 година;
13. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2019 година;
14. Извештај за реализација на Програмата на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2019 година;
15. Предлог – Одлука измена на Одлуката за извршување на Буџетот на oпштина Струмица за 2020 година;
16. Предлог-Одлука за одобрување трансфер на финансиски средства на ЈПЕД “Струмица-гас“ Струмица;
17. Предлог –Одлука за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација на подрачјето на општина Струмица за 2020 година;
18. Извештај за работата на Општиската јавна установа –Отворен граѓански универзитет „Јоска Свештарот“ за 2019 година
19. Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за периодот од 01.01 2019 до 31.12.2019 година;
20. Годишна сметка на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за 2019 година;
21. Одлука за распоредување на добивката остварена по годишната сметка за 2019 година на ЈП „Паркиралишта-Струмица“;
22. Извештај за работата на ЈПЕД „Струмица гас“ за периодот од 01.01 2019 до 31.12.2019 година;
23. Годишна сметка на ЈПЕД „Струмица гас“ за 2019 година;
24. Одлука за покривање на загуба по Годишната сметка за 2019 година на ЈП „Струмица-гас“;
25. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 918 КО Баница;
26. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 993 КО Попчево; и
27. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 800 КО Попчево.
 
 
Претседател,
Марјан Даскаловски
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544