Членовите на Советот ја одржаа 33-та седница

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 33-та седница на којашто беа донесени повеќе предлог одлуки, програми и решенија. Советниците ги усвоија предлог одлуките за утврдување на приоритет и сопствено учество на Проектите за „Изведба на пристапна улица во село Дабиље“ и „Изработка на инвестиционо техничка документација на ниво на основен проект за 3 проекти во населено место Габрово“, како и предлог одлуката за изработка и спроведување на проект „Мрежа на велосипедски градови“. Се усвоија и одлуката за определување места за истакнување плакати за Предвремените парламентарни избори во 2020 година во општина Струмица, дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2020 година и предлог решението за именување на членови во Општинскиот совет за социјална заштита.
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544