Решение  за свикување триесет и третата седница  на  Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица Бр.08 -1311/1 19.02.2020 год. Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

 

 Решение  за свикување триесет и третата седница  на  Советот на општина Струмица

Ја свикувам триесет и третата   седница на Советот на општина Струмица за ден 26.02.2020  година (среда). Триесет и третата  седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12,00  часот.

За работа на седницата   предлагам:

Д н е в е н   р е д

  1. Предлог - Одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество на Проект за “Изведба на пристапна улица во село Дабиље “;
  2. Предлог - Одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество на Проект за “Изработка на инвестиционо техничка документација на ниво на основен проект за 3 проекти во населено место Габрово“;
  3. Предлог- Одлука  за определување на места за истакнување  плакати за   Предвремените парламентарни избори во 2020 година, во Општина Струмица;
  4. Предлог – Одлука  за донесување на Измена  и дополна на ДУП за дел од блок 41,  УЕ  5 во град Струмица  (Општина Струмица 2014-2019);
  5. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за  КП бр.772/2 КО Водочa;
  6. Предлог – Програма дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2020 година; и
  7. Предлог-Решение за именување  на членови во Општинскиот совет за социјална заштита.

              

 Претседател:

Марјан Даскаловски

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544