Советот на општина Струмица ја одржа 32-ра седница

На денешната 32-ра седница на Советот на општина Струмица, беа донесени повеќе одлуки, програми и планови во интерес на граѓаните и функционирањето на Општината. Советниците ги усвоија предлог - Програмата за работа на Советот на општина Струмица за 2020 година, предлог - Планот за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во општина Струмица во учебната 2020 / 2021 година,

предлог - Методологија  за утврдување на критериумите за распределба на финансиски средства до спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот од општина Струмица како дотација за плаќање на термини за спортски сали, Предлог - Одлука за измена на Одлука за утврдување на вредноста на бодот  за платите на државните службеници за 2020 година и предлог - Одлуката за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Струмица од сите ризици и опасности. На денешната седница беа усвоени и информацијата за  состојбата на јавната безбедност и  безбедноста во сообраќајот  на патиштата  на подрачјето на општина Струмица за периодот  01.07 -31.12. 2019 година,  извештајот за извршените работни задачи  на ТППЕ Струмица за 2019 година, годишниот извештај на Општинскиот совет за безбедност  на сообраќајот на патиштата за 2019 година и програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност  на сообраќајот на патиштата за 2020 година. На дневен ред беа и статутите на основните општински училишта, а зелено светло добија и повеќе предлог – одлуки од областа на урбанизмот и од работењето на општинските јавни претпријатија. Донесена е и одлуката за доделување еднократна парична помош  за  новороденче на подрачјето на општина Струмица  во 2020 година, а беа донесени и одлуки за доделување на парична помош на Виктор Папучаров  од Струмица и Живанка Тенкова од Костурино.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544