Решение за свикување на триесеттата седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08–9404/1, 03.12.2019 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување на триесеттата седница на Советот на Општина Струмица
Ја свикувам триесеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 10.12.2019 година (вторник).
Триесеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата го предлагам следниот:
 
Дневен ред
1. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Статутот на општина Струмица; 
2. Програма за работа на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица за 2020 година.
3. Програма за работа на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица за 2020 година.
4. Предлог - Одлука за констатирана неправилност поради која Предлог планот за Измена и дополнување на дел од ДУП за Блок 41 во Струмица нема да биде донесен;
5. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање надомест за утврдување на правен статус на бесправни објекти;
6. Барање согласност за прием на поголем број на деца во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица;
7. Програма за дополнување на Програмата за работа на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица за 2019 година;
8. Статутарна одлука за измена на Статутот на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица;
9. Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“- Струмица;
 
Совет на општина Струмица
Претседател,
Maрјан Даскаловски с.р.
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544