Решение за свикување на триесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр.2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на триесет и  чертвртата   седница  на
Советот на општина Струмица


Ја свикувам триесет и четвртата   седница на Советот на општина Струмица за ден  28.02.2011 година (понеделник)
Триесет и четвртата    седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00  часот.

За работа на седницата   предлагам:

I

Усвојување на записниците  од  триесет и втората и триесет и третата  седница на Советот на општина Струмица.

II
Д н е в е н   р е д

1.    Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за  четвртиот квартал од 2010 година;
2.    Предлог - план  за запишување на ученици во I година во средните општински училишта во Општина Струмица  во учебната 2011/2012 година;
3.    Предлог – Одлука за донесување  на  Детален урбанистички план за  Блок 42 УЕ 5 во град Струмица;
4.    Предлог- Заклучок за утврдување на Нацрт -  измена и дополна  на Детален урбанистички  план  за Урбан  Блок 9 УЕ 6 во град Струмица;
5.    Предлог- Заклучок за утврдување на Нацрт -  Детален урбанистички  план  за дел од Урбан  Блок 16 УЕ 2 во град Струмица;
6.    Предлог- Заклучок за утврдување на Нацрт – измена и дополна на Детален урбанистички  план  за дел од Урбан  Блок 38 УЕ 5 во град Струмица; и
7.    Извештај за извршените работни задачи на ТППЕ – Струмица за 2010 година.

Напомена: Согласноста  за ДУП  за   Блок 42 УЕ 5 во град Струмица, ќе Ви биде дополнително доставена. Доколку   не се  обезбеди   до пред  седницата на Советот, точката ќе биде повлечена од дневниот ред.


Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544