Решение за свикување на триесет и шестата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр.2/06), донесувам

 

 

Р е ш е н и е

за свикување на триесет и шестата седница на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам триесет и шестата седница на Советот на општина Струмица за ден 31.03.2011 година (четврток).

Триесет и шестата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00 часот.

За работа на седницата предлагам:

I

Усвојување на записникот од триесет и петтата седница на Советот на општина Струмица.

II

Д н е в е н   р е д

1. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2010 година;

2. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција и одржување и заштита на локалните патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2010 година;

3. Извештај за реализација на Програмата за урбанистички планови во општина Струмица за 2010 година;

4. Извештај за реализација на Програмата за одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Струмица за 2010 година;

5. Предлог - Одлука за прифаќање на членство на општина Струмица за приклучување кон Конвенцијата на градоначалници во Брисел;

6. Предлог за давање согласност на Одлука за проширување на дејноста на Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори „Паркиралишта Струмица” – Струмица;

7. Предлог за давање согласност на Одлука за дополнување на Статутот на Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори „Паркиралишта - Струмица” – Струмица;

8. Годишна сметка на СОУ „Јане Сандански” Струмица за 2010 година;

9. Годишна сметка со финасов извештај на СОУ „Никола Карев” Струмица за 2010 година;

10. Годишна сметка со финансов извештај на OOУ „Никола Вапцаров” Струмица за 2010 година;

11. Годишна сметка со финансов извештај на OOУ „Видое Подгорец” Струмица за 2010 година;

12. Годишна сметка со финансов извештај на OOУ „Сандо Масев” Струмица за 2010 година;

13. Годишна сметка со финансов извештај на OOУ „Маршал Тито ” Струмица за 2010 година;

14. Извештај за работата со Годишна сметка на ЛУБ „Б.Ј.Мучето“ за 2010 година;

15. Програма за работа на ЛУБ „Б.Ј. Мучето“ со проекти од областа на библиотечната дејнност за 2011 година;

16. Извештај за работата со Годишна сметка на Дом за деца и млади „Б.Мучето“ за 2010 година;

17. Програма за работа на Дом за деца и млади „Б. Мучето“ за 2011 година;

18. Програми за изведување екскурзии за учениците од ОУ „Герас Цунев“ Просениково во 2011 година и тоа:

- Програма за изведување на еднодневна екскурзија за учениците од трето одделение;

- Програма за изведување на дводневна екскурзија за учениците од шесто одделение;

19. Програми за изведување екскурзии за учениците од ОУ „Сандо Масев“ Струмица во 2011 година и тоа:

- Програма за изведување на еднодневна екскурзија за учениците од трето одделение;

- Програма за изведување на дводневна екскурзија за учениците од шесто одделение;

- Програма за изведување настава во природа за учениците од четврто одделение

20. Програми за изведување екскурзии за учениците од ОУ„Видое Подгорец“ Струмица во 2011 година и тоа:

- Програма за изведување на еднодневна екскурзија за учениците од трето одделение;

- Програма за изведување на дводневна екскурзија за учениците од шесто одделение;

- Програма за изведување на тридневна екскурзија за учениците од осмо одделение;

- Програма за изведување настава во природа за учениците од четврто одделение

21. Програми за изведување екскурзии за учениците од ОУ„Никола Вапцаров“ Струмица во 2011 година и тоа:

- Програма за изведување на еднодневна екскурзија за учениците од трето одделение;

- Програма за изведување на еднодневна екскурзија за учениците од шесто одделение;

- Програма за изведување на еднодневна екскурзија за учениците од осмо одделение;

22. Програма за изведување на еднодневна екскурзија за учениците од трето одделение на ОУ „Даме Груев“ Куклиш;

23. Разгледување на Барање на парична помош за деца болни од дијабетис за набавка на ленти за контрола на болеста;

24. Предлог - Решение за именување на член во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиско работење на ЈП „Струмица-гас“ Струмица; и

25. Предлог - Решение за избор на членови во Советот за заштита на потрошувачите.

Напомена: Предлози по точките 24 и 25 да се достават до Комисијата за мандатни прашања избори и именувања најдоцна до среда 30.03.2011 год. (15.00 часот).



Совет на општина Струмица

Претседател

Марјан Даскаловски

 

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544