Решение за свикување на 37-та седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр.2/06), донесувам

Р е ш е н и е

за свикување на триесет и седмата седница на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам триесет и седмата седница на Советот на општина Струмица за ден 14.04.2011 година (четврток)

Триесет и седмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00 часот.

За работа на седницата го предлагам следниот:

Д н е в е н р е д

1. Предлог-Одлука за утврдување на приоритетна листа за изведба на канализациони мрежи во населените места во Општина Струмица;

2. Предлог - Одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на Општина Струмица;

3. Предлог - Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2011 година;

4. Годишна сметка со финансов извештај на СOУ „Димитар Влахов” Струмица за 2010 година;

5. Годишна сметка со финансов извештај на OOУ „Св. Кирил и Методиј” Дабиле за 2010 година;

6. Годишна сметка со финансов извештај на OOУ „Гоце Делчев” Вељуса за 2010 година;

7. Годишна сметка со финансов извештај на OOУ „Герас Цунев” Просениково за 2010 година;

8. Годишна сметка со финансов извештај на OOУ „Даме Груев” Куклиш за 2010 година;

9. Годишна сметка со финансов извештај на OOУ „Маршал Тито” Муртино за 2010 година,

10. Годишна сметка со финансов извештај на OМУ „Боро Џони” Струмица за 2010 година;

11. Годишна сметка со финансов извештај на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица за 2010 година; и

12. Предлог-листа на кандидати за избор на командир на Полициската станица од општа надлежност - Струмица.

Совет на општина Струмица

Претседател,

Марјан Даскаловски

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544