Решение за свикување на четириесет и втората седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 


Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на четириесет и втората   седница  на
Советот на општина Струмица

Ја свикувам четириесет и втората  седница на Советот на општина Струмица за ден  31.08.2011 година (среда).
Четириесет и втората  седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00  часот.

За работа на седницата  предлагам :


I
Усвојување на записниците од четириесетата и четириесет и првата седница на Советот на општина Струмица


II

Д н е в е н   р е д


1.    Квартален извештај  за извршување на Буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2011 година;
2.    Предлог - Одлука  за формирање на локален Економско – социјален совет на општина Струмица;
3.    Предлог – Спогодба за основање, делокруг и начин на работа  на Економско социјалниот совет на Општина Струмица;
4.     Предлог – Одлука за изработка и имплементација на проект "Ефикасна употреба на соларната енергија за подобра иднина” ;
5.    Предлог – Одлука за изработка и имплементација на проект "Инвестиции во агро бизнис инфраструктура во прекуграничниот регион” ;
6.    Предлог -  Програма за дополнување   на Годишната  програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето  на  општина Струмица за 2011 година;
7.    Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за услогласување  на намената на градежно земјиште   за КП бр. 1628  КО Дабиле;
8.    Предлог-Одлука за утврдување потреба  од донесување на урбанистичко планска документација  за  промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр.  6770 и 6771    КО Струмица;
9.    Предлог-Одлука за утврдување потреба  од донесување на урбанистичко планска документација  за  промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП   6637/38 КО Струмица;
10.    Инфромација за  јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот  на подрачјето на општина Струмица  за периодот од  01 јануари до 30 јуни 2011 година.


Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544