Решение за свикување на четириесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

 

Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на четириесет и четвртата седница на
Советот на општина Струмица



Ја свикувам четириесет и четвртата  седница на Советот на општина Струмица за ден  29.09.2011 година (четврток).
Четириесет и четвртата  седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00  часот.

За работа на седницата  предлагам:


I


Усвојување на записинците од четириесет и втората и четириесет и третата седница на Советот на општина Струмица

 

II

Д н е в е н   р е д



1.Предлог -  Програма за дополнување   на Годишната  програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето  на  општина Струмица за 2011 година;
2.Предлог – Одлука   за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 3912 КО Струмица
3.Предлог-Одлука за формирање  на   Општински совет за превенција од малолетничко претстапништво ;
4.Предлог-Решение за разрешување и именување член на Управниот одбор на Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи  Струмица;
5.Предлог-Решение за именување членoви во  Локалниот економско – социјален совет на општина Струмица;
6.Извештај за работа на СОУ “Димитар Влахов”  Струмица во учебната 2010/2011 година;
7.Предлог-Годишна програма за работа на СОУ “Димитар Влахов”  Струмица во учебната 2011/2012 година;
8.Извештај за работа на СОУ “Никола Карев”  Струмица во учебната 2010/2011 година;
9.Предлог-Годишна програма за работа на  СОУ “Никола Карев”  Струмица во учебната 2011/2012 година;
10.Извештај за работа на ОМУ “Боро Џони”  Струмица во учебната 2010/2011 година;
11.Предлог-Годишна програма за работа на  ОМУ “Боро Џони”  Струмица, во учебната 2011/2012 година;
12.Извештај за работа на ЈОУДГ “Детска радост”  Струмица во учебната 2010/2011 година;
13.Предлог-Годишна програма за работа на ЈОУДГ “Детска Радост”  Струмица во учебната 2011/20012 година;
14.Правилник за организација и систематизација  на работите и работните места  во ЈОУДГ “Детска Радост”  Струмица
15.Програми за изведување на  екскурзии и слободни активности за учениците  од    ОУ „Маршал Тито” Муртино:         
а) Програма за изведување на еднодневна екскурзија со учениците од трето одделение;
б) Програма за изведување на дводневна екскурзија со учениците од шесто одделение;
в)Програма за изведување на тродневна екскурзија со учениците од осмо одделение;
г)Програма за посета на планетариум со учениците од VI (9) одделение;
д)Програма за кампување со учениците од шесто до деветто одделение; и
е)Програма за зимување со учениците од шесто до деветто одделение.
16.Програми за изведување на  екскурзии за учениците  од    ОУ „Даме Груев ” Куклиш:         
а) Програма за изведување на еднодневна екскурзија со учениците од трето одделение;
б) Програма за изведување на дводневна екскурзија со учениците од шесто одделение;
в)Програма за изведување на тродневна екскурзија со учениците од осмо одделение; и
17.Предлог-Програма за дополнување на Годишна програма за работа на   СОУ “Јане Сандански”  Струмица во учебната 2011/2012 година.


Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544