Решение за свикување на четириесет и петтата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 



Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на четириесет и петтата седница  на
Советот на општина Струмица




Ја свикувам четириесет и петтата  седница на Советот на општина Струмица за ден 31.10.2011 година (понеделник).
Четириесет и петтата  седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00  часот.



За работа на седницата предлагам:

I
Усвојување на записникот од четириесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н   р е д



1.Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2011 година;
2.Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Струмица за 2011 година;
3.Предлог - Одлука  за утврдување на приоритетен проект за уредување на патна инфраструктура во рурални подрачја;
4.Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за изработка и имплементација на проект "Ефикасна употреба на соларната енергија за подобра иднина”;
5.Предлог-Решение за именување членови во Општински совет за превенција од малолетничко претстапништво;
6.Предлог-листа  за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти  на територијата на општина Струмица;
7.Предлог-Програма за дополнување на Годишната програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето  на општина Струмица за 2011 година;
8.Предлог-Програма за одржување на улиците во град Струмица, како и локалните патишта во Општина Струмица за 2011/2012 година во зимски услови;
9.Предлог за давање согласност Одлуката за висината на цени за уништување стока на депонија, донесена од УО на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
10.Предлог за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на висина и наплата на надоместок за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата и придружните објекти, донесена од УО на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
11.Предлог за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за висина на цени за издавање на продажни места и други пазарни услуги, донесена од УО на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
12.Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 32 и КП бр. 39 во КО Струмица;
13.Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр.5818 во КО Струмица;
14.Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 5855/1 и 5855/3 КО Струмица;
15.Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 6637/30 КО Струмица;
16.Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 5669 и 6271 во КО Струмица;
17.Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 871/1  во КО Банско; и
18.Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 248 и 240/1 во КО Баница.


Напомена:  Предлози за имиња на улици и други инфраструктурни објекти, со кратко образложение, можат да се достават до Комисија за изготвување Предлог – Листа за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на триторијата на општина Струмица, најдоцна до петок 28.10.2011 година до 12 часот.



Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски 

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544