Решение за свикување на четириесет и шестата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на четириесет и шестата   седница  на
Советот на општина Струмица

Ја свикувам четириесет и шестата  седница на Советот на општина Струмица за ден  14.11. 2011 година (понеделник).

Четириесет и шестата  седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00  часот.

За работа на седницата  предлагам:
I

Усвојување на записникот од   четириесет и петтата седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н   р е д

1.Предлог - План на програмите за развој за 2012 година;

2.Предлог - Стратегија  за комуникации   со јавноста  на Општина Струмица  2012-2015 година;

3.Предлог - Годишен план  за комуникација со јавноста на Општина Струмица  за 2012  година;

4.Предлог - Локален акционен план за спречување  и заштита од дискриминација во Општина Струмица за периодот декември 2011-декември 2012 година;

5.Предлог – Одлука за определување на надоместок за трошоците при склучување  на бракови на територијата на општина Струмица;

6.Предлог за давање согласност Одлуката за утврдување на цените за паркирање  во подземниот паркинг на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица; и

7.Предлог-Заклучок за утврдување  на Нацрт-Урбанистички план за дел од с. Муртино за КП бр. 2342.

Напомена: Предлог - Заклучокот за утврдување  на Нацрт-Урбанистички план за дел од с. Муртино, дополнително ќе биде доставен.


Совет на општина Струмица

Претседател,
Марјан Даскаловски

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544