Решение за свикување на четириесет и седмата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од  Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам


Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на четириесет и седмата   седница  на
Советот на општина Струмица


Ја свикувам четириесет и седмата  седница на Советот на општина Струмица за ден  07.12. 2011 година (среда).
Четириесет и седмата  седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00  часот.

За работа на седницата  предлагам:

I

Усвојување на записникот од   четириесет и петтата седница на Советот на општина Струмица

II
Д н е в е н   р е д


1.Предлог-Одлука за задолжување на општина Струмица по пат на обврзници;
2.Предлог-Одлука за престанување на важење на Одлуката за определување намена на средстава од данокот на имот за развој на култура и спорт;
3.Предлог-Одлука за субвенционирање на плаќање на надоместок за утврдување правен статус на бесправни објекти;
4.Предлог-Одлука за поставување на спомен обележје-биста на Цар Самуил;
5.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлука за формирање на локален Економско-социјален совет на општина Струмица;
6.Предлог-Спогодба за осовање, делокруг и начин на работа на Економско-социјалниот совет на општина Струмица;
7.Предлог-Програма за дополнување на годишната програма за изработка на урбанистичките планови на подрачјето на општина Струмица за 2011 година;
8.Предлог за давање согласност на Одлука за промена на седиштето на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица.


Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

 

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544