Решение за свикување на четириесет и деветата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 


Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на четириесет и деветтата   седница  на
Советот на општина Струмица



Ја свикувам четириесет и деветтата   седница на Советот на општина Струмица за ден  29.12. 2011 година (четврток).
Четириесет и деветтата  седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00  часот.
За работа на седницата   предлагам:



I
Усвојување на записникот од четириесет и седмата седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н   р е д



1.    Предлог - Програма за работа на Советот на општина Струмица во 2012 година;
2.    Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2012 година; 
3.    Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2012 година;
4.     Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  Општина Струмица за 2012 година;
5.    Предлог-Годишна програма  за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  на територијата на Општина Струмица за 2012 година;
6.    Предлог - Програма за одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2012 година;
7.    Предлог-Програма за изработка на  урбанистички планови во Општина Струмица за 2012 година;
8.    Предлог – Програма за одржување на јавното зеленило во 2012 година;
9.    Предлог-Програма за одржување на јавната чистоќа во 2012 година;
10.    Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа  на културата во 2012 година;
11.    Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во  областа на спорт и млади во 2012 година;
12.    Предлог –Програма  за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2012 година;
13.    Предлог - Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната заштита во 2012 година;
14.    Предлог – Програма  за активностите на општина Струмица за  поддршката на НВО секторот во 2012  година;
15.    Предлог - Програма  за активностите на Општина Струмица  во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и  справувањето со кризи во 2012 година;
16.    Предлог-Програма за одбележување на годишнини  на значајни настани и истакнати личности во 2012 година во Општина Струмица;
17.    Предлог – Одлука за утврдување на критериуми  за распределба  на блок дотацијата за основно образование за 2012 година;
18.    Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за средно образование за 2012 година;
19.    Предлог – Програма   за работа  во областа на располагањето со градежно земјиште   во сопственост  на Репубика Мaкeдонија  на подрачјето на општина Струмица за 2012 година;
20.    Предлог – Одлука за  реализација на научно- истражувачки проект „Развони тенденции на некои антропомедиски, функционални, моторички способности и социо-економскиот статус  кај учениците  од двата пола  од 6 до 14 години од основните училишта во општина Струмица“;
21.    Програма  за работа на Локалната установа библиотека „Благој Јнаков Мучето“ за 2012 година
22.    Предлог за давање согласност на Одлука за изменување и дополнување на статутот на ЛУБ  „Благој Јанков Мучето“ Струмица
23.        Програма  за работа на Дом за деца и млади  „Благој Мучето“ Струмица за 2012 година
24.     Извештај за работата  на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за  периодот  јануари – септември 2011 година;
25.     Програма за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2012 година;
26.    Извештај за работата на ЈП “Паркиралишта“ Струмица за периодот од 01.01 до 30.06.2011 година;
27.    Програма за работа на ЈП “Паркиралишта-Струмица“ за 2012 година;
28.     Програма  за работа на ЈП “Струмица-гас“ Струмица за 2012 година;
29.    Предлог-Одлука за одстапување на  моторно возило.




Напомена: 1.Предлози за измена и дополнување на Програмата за работа на Советот на општина Струмица за 2012 година, да се достават до Комисијата за изработка на Програмата преку координаторите на советничките групи, кои се и членови на Комисијата, најдоцна до понеделник 26 декември 2011 година.
2.Предлог-Одлуката за одстапување на  моторно возило, дополнително ќе Ви биде доставена.





Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544