Решение за свикување на педесетата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

 


Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на педесетата  седница  на
Советот на општина Струмица


Ја свикувам педесетата  седница на Советот на општина Струмица за ден  23.01.2012 година (понеделник).
Педесетата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00 часот.

За работа на седницата го предлагам следниот:

Д н е в е н   р е д


1.    Предлог - План за запишување на ученици во I година во средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2012/2013 година;
2.    Предлог - Одлука за одобување Проект за бесплатна медијација;
3.    Предлог - Одлука за  отстранување на објект – отворен градски базен;
4.    Предлог - Одлука за набавка и отуѓување на патнички моторни возила;
5.    Предлог - Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е."2" Урбан блок 19 во Струмица,
6.    Предлог - Програма за дополнување на Годишна програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2012 година;
7.    Предлог - Листа за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Струмица;
8.    Информација за состојбата со јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот 01 јули - 31 декември 2011 година; и
9.    Предлог - Решение за разрешување и именување на претседател и членови на Комисијата за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот.

Напомена: По точка 5, дополнително ќе Ви биде доставена согласност од Министертвото за транспорт и врски.


Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544