Решение за свикување на педесет и втората седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам




Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на педесет и втората   седница  на
Советот на општина Струмица




Ја свикувам педесет и втората   седница на Советот на општина Струмица за ден  28.02. 2012 година (вторник).
Педесет и втората  седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00  часот.
За работа на седницата предлагам:



I
Усвојување на записниците од вонредната и педесет и првата седница  на Советот на општина Струмица



II

Д н е в е н   р е д



1. Предлог – Одлука за партнерство помеѓу општина Струмица и  општина Босилово за изградба на  локалниот пат с. Банско до с. Моноспитово со сопствено учество;
2. Предлог – Одлука за поништување на актите донесени за спроведување на постапката за донесување на Деталниот урбанистички план на дел од  Блок 4 Урбана единица 1 во град Струмица;
3. Предлог – Одлука за поништување на актите донесени за спроведување на постапката за донесување на Деталниот урбанистички план на дел од  Блок 12  во град Струмица;
4. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување  на намената на градежно земјиште за КП бр. 7649/5  и 7649/1 КО Струмица;
5. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување  на намената на градежно земјиште за КП бр. 567 КО Муртино;
6. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за услогласување  на намената на градежно земјиште за КП бр. 6512/54  и дел од КП 6514/1 КО Струмица;
7. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 7756 и 7757   KО Струмица;
8. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 3/1  KО Струмица;
9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 6526/1  KО Струмица;
10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 6526/1  KО Струмица;
11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 40  KО Струмица;
12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 1556  KО Струмица;
13. Предлог – Одлука   за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП  бр. 7689/1 КО Струмица;
14. Предлог – Одлука   за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП  бр. 7689/1 КО Струмица;  
15. Предлог – Одлука   за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП  бр. 6789, 6788/2  и 8022 КО Струмица;
16. Предлог- Одлука за донесување на Детален урбанистички план  за    Урбан блок  15 во  град Струмица; и
17. Предлог- Одлука за донесување на Детален урбанистички план  за Урбан блок  20 во град Струмица.






Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски


© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544