Решение за свикување на шеесет и првата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Службен гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам



Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на шеесет и првата  седница  на
Советот на општина Струмица



Ја свикувам шеесет и првата  седница на Советот на општина Струмица за ден  03.10.2012 година (среда).
Шеесет и првата   седница  на Советот на општина Струмица,  ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00  часот.
За работа на седницата  предлагам:
I
Усвојување на записникот од педесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица
II

Д н е в е н   р е д



1. Предлог-Статут на Друштвото за спортски дејности КОШАРКАРСКИ КЛУБ СТРУМИЦА  АД Струмица;
2. Предлог – Одлука за избор на членови на Одборот на директори на Друштвото за спортски дејности  КОШАРКАРСКИ КЛУБ СТРУМИЦА АД Струмица;
3. Предлог-Одлука за поставување спомен-биста на Јуриј Гагарин;
4. Извештај за работа на СОУ “Јане Сандански”  Струмица во учебната 2011/2012 година;
5. Предлог-Годишна програма за работа на СОУ “Јане Сандански   Струмица во учебната 2012/2013 година;
6. Извештај за работа на СОУ “Димитар Влахов”  Струмица во учебната 2011/2012 година;
7. Предлог-Годишна програма за работа на  СОУ “Димитар Влахов”  Струмица во учебната 2012/2013 година;
8. Извештај за работа на СОУ “Никола Карев”  Струмица во учебната 2011/2012 година;
9. Предлог-Годишна програма за работа на  СОУ “Никола Карев”  Струмица, во учебната 2012/2013 година;
10.Извештај за работа на ЈОУДГ “Детска Радост”  Струмица за периодот септември 2011 – август 2012 година;
11.Предлог-Годишна програма за работа на ЈОУДГ “Детста радост”  Струмица за периодот септември 2012 – август 2013 година;
12.Програми за изведување на  екскурзии и слободни активности за учениците  од     ОУ „Маршал Тито ” Струмица:
а) Програма за изведување на еднодневна екскурзија со учениците од трето одделение;
б) Програма за изведување на дводневна екскурзија со учениците од шесто одделение; и
в) Програма за изведување на тродневна екскурзија со учениците од осмо одделение;
13. Предлог – Програма за  дополнување на  Годишната  програма за
изработка на урбанистички планови на подрачјето  на  општина
Струмица за 2012 година
14. Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец“  Струмица за првото            тромесечие од 2012 година;
15. Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец“ Комуналец“ Струмица за второто тромесечие од 2012 година.

Напомена: Извештајот за работа на ЈПКД „Комуналец“  за второто тромесечие од 2012 година ќе биде дополнително доставен.
Предлози по точка 2 односно Предлог – Одлука за избор на членови на Одборот на директори на Друштвото за спортски дејности  КОШАРКАРСКИ КЛУБ СТРУМИЦА АД Струмица,  да се достават до Комисијата за мандатни прашања избори и именувања.





Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544