Решение за свикување на шеесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам



Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување шеесет и четвртата   седница  на
Советот на општина Струмица



Ја свикувам шеесет и четвртата  седница на Советот на општина Струмица за ден  27.12. 2012 година (четврток).
Шеесет и четвртата седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00  часот.
За работа на седницата   предлагам:



I

Усвојување на записникот од шеесет и третата  седница на Советот на општина Струмица


II

Д н е в е н   р е д



1. Предлог - Програма за работа на Советот на општина Струмица во 2013 година;
2. Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2013 година;  
3. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2013 година;
4. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  Општина Струмица за 2013 година;
5. Предлог-Програма  за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  на територијата на Општина Струмица за 2013 година;
6. Предлог - Програма за одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2013 година;
7. Предлог-Програма за изработка на  урбанистички планови во Општина Струмица за 2013 година;
8. Предлог-Програма за одржување на јавната чистоќа во 2013 година;
9. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа  на културата во 2013 година;
10. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во  областа на спорт и млади во 2013 година;
11. Предлог –Програма  за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2013 година;
12. Предлог - Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната заштита во 2013 година;
13. Предлог – Програма  за активностите на општина Струмица за  поддршката на НВО секторот во 2013  година;
14. Предлог - Програма  за активностите на Општина Струмица  во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и  справувањето со кризи во 2013 година;
15. Предлог-Програма за одбележување на годишнини  на значајни настани и истакнати личности во 2013 година во Општина Струмица;
16. Предлог - Одлука за измена на Одлуката  за авто-такси превоз на патници на подрачјето на општина Струмица;
17. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми  за распределба  на блок дотацијата за основното образование за 2013 година;
18. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за средното образование за 2013 година;
19. Програма  за работа на Дом за деца и млади  „Благој Мучето“ Струмица за 2013 година;
20. Програма  за работа на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица за 2013 година;
21. Извештај за работата  на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за  периодот  јануари – септември 2012  година;
22. Програма за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2013 година;
23. Предлог за давање согласност  на Одлука за измена и дополнување на Одлуката за висината на цена за вода за пиење  и надоместок за одведување на отпадни води;  
24. Извештај за работата на ЈП “Паркиралишта-Струмица“ за периодот  јануари –септември 2012 година;
25. Програма за работа на ЈП “Паркиралишта-Струмица“ за 2013 година;
26. Одлука за одобрување на бесплатно користење на паркинг  места на ЈП „Паркиралишта Струмица“ – Струмица;
27. Програма  за работа на Јавното претпријатие за енергетски дејности  “Струмица-гас“ Струмица за 2013 година;
28. Предлог – Заклучок за утврдување Нацрт ДУП на дел од блок 41, Урбана единица 5 во Струмица; и
29. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за услогласување  на намената на градежно земјиште за КП бр. 3036 КО Костурино;

Напомена:
1. Материјалот по точка 7 ќе Ви  биде дополнително доставен;
2. Предлози за измена и дополнување на Програмата за работа на Советот на општина Струмица за 2013 година, да се достават до Комисијата за изработка на Предлог- Програмата преку координаторите на советничките групи, кои се и членови на Комисијата, најдоцна до понеделник 24 декември 2012 година.



Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544