Решение за свикување на првата (конститутивна) седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 37 од Законот за локална самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/2002) и член 3  Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник  на  општина Струмица” бр. 2/06), донесувам





Р е ш е н и е
за свикување на првата (конститутивна) седница на
Советот на општина Струмица




Ја свикувам  првата конститутивна  седница на новоизбраниот  Совет на општина Струмица за ден  12.04. 2013 година (петок).

Првата конститутивна седница   ќе се одржи во  Домот на АРМ во Струмица  со почеток  во 13,00 часот.

За работа на седницата го предлагам  следниот




Д н е в е н    р е д


1. Избор на претседател и членови на  Верификациона комисија;
2. Верификација на мандатот  на членовите на Советот на општина Струмица;
3. Предлог - Решение за избор на претседател на Советот на општина Струмица;
4. Предлог - Решение за избор на  Комисија за мандатни прашања, избори  и именувања; и
5. Предлог - Одлука за овластување на членовите на Советот на општина Струмица  да учествуваат во постапката  при склучување на  бракови во општина Струмица.

Прилог:   
-    Закон за локална самоуправа
-    Статут на општина Струмица
-    Деловник на Советот на општина Струмица

Напомена: Секој член на Советот, на  седницата треба да достави Уверение за избор на член во Советот на општина Струмица.




Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544