Решение за свикување на осмата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Службен гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам



Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на осмата  седница  на
Советот на општина Струмица



Ја свикувам осмата седница на Советот на општина Струмица за ден  28.10.2013 година (понеделник).
Осмата седница  на Советот на општина Струмица,  ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00  часот.

За работа на седницата предлагам:
I
Усвојување на Записникот од седмата  седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н      р е д



1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2013 година;
2. Предлог-Програма за одржување на улиците во град Струмица, како и локалните патишта во Општина Струмица за 2013/2014 година во зимски услови;
3. Предлог - Одлука за донесување на Урбанистички план за село Банско, дел - Блок 12 - СПА Центар, измена и дополнување, општина Струмица, плански период 2013 – 2018;
4. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко - планска документација за проширување на планскиот опфат   за КП бр. 7770 КО Струмица;
5. Предлог-Одлука за одстапување  објект - Детска градинка, Клон-5,   на Општина Ново Село;
6. Предлог-Решение за разрешување и избор на членови на Советот на општина Струмица за учество во работата на  Комисијата за издавање на  деловен простор под закуп.


Напомена: Предлозите по точка 5 да се достават на седница на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања.




Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544