Решение за свикување на свечена седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам



                                                                   Р е ш е н и е

за свикување на свечена седница на

Советот на општина Струмица


По повод празникот “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици “- заштитници на градот,  свикувам свечена седница на Советот на општина Струмица на ден 11.12. 2014  година (четврток).

Свечената седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во НУЦК „Антон Панов“ (голема сала) во Струмица   и ќе започне со работа во 12,00  часот.

На седницата ќе се работи по следниот:



Д н е в е н   р е д


  1. Поздравен говор на Градоначалникот на општина Струмица по повод празникот;
  2. Доделување на:

- Годишни награди на Општина Струмица  „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ за 2014 година; и

- Општинска награда за животно дело „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“.


програмата може да ја видите на следниов линк


Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов




© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544