Решение за свикување на свечена седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Служен гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам




                                                                                                                 Р е ш е н и е

за свикување на свечена седница на

Советот на општина Струмица

По повод празникот “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаче-ници“ - заштитници на градот,  свикувам свечена седница на Советот на општина Струмица на ден 10.12.2016 година (сабота).

Свечената седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во НУЦК „Антон Панов“ (голема сала) во Струмица и ќе започне со работа во 19,00  часот.


На седницата ќе се работи по следниот:



Д н е в е н   р е д


  1. Поздравен говор по повод празникот “Св. Петнаесет Тивери-ополски Свештеномаченици“;
  2. Доделување на Годишни општински награди и признанија за 2016 годинa “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“;  и
  3. Доделување на Општинска награда за животно дело во 2016 година “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“.





Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544