Седници на совет

Решение за свикување на дваесет и четвртата седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08- 4257 /1, 05.06.2019 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Денеска се одржа 22-та седница на Советот на општина Струмица

Советот на општина Струмица, денеска, ја одржа 22-та седница, а на дневен ред беа 31 точка. Претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, рече дека на седницата се донесени повеќе одлуки, решенија, годишни сметки и извештаи од повеќе области и институции, а седницата се одржа без советниците од ВМРО ДПМНЕ.

Решение за свикување дваесет и втората седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08- 2623 /1
04.04.2019 год. Струмица
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Советот на општина Струмица ја одржа 20-та седница

Денеска се одржа 20-та седница на Советот на општина Струмица на која што беа усвоени предлог – одлуки и програми од повеќе области. Зелено светло од советниците добија предлог - одлуките за утврдување на приоритет и сопствено учество во проектите за атмосферски канал во селото Габрово и за фаза 2 -електрична инсталација и опрема на улица со шеталиште во селото Градско Балдовци.

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 19-та седница

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 19-та седница на која што беа усвоени Програмата за работа на Советот за 2019 година, одлуката за доделување еднократна парична помош за новороденче на подрачјето на општината и за 2019 година во висина од три илјади денари, планот за запишување ученици во прва година во средните општински училишта во учебната 2019/2020 година, како и повеќе други одлуки, програми и планови од повеќе области.

Решение за свикување на деветнаесеттата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица
Бр.08 -457/1, 23.01.2019 год., Струмица
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување осумнаесетата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица
Бр.08-10518/1, 21.12.2018 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Oпштина Струмица донесе Акционен план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух

Советот на општина Струмица на денешната седница го усвои Акциониот план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во општина Струмица. Според градоначалникот Коста Јаневски, овој план содржи краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки кои што ќе го подобрат амбиенталниот воздух, а во план е и донесување на петгодишен план кој ќе понуди и посериозни решенија за проблемот со загадувањето. Тој потенцираше дека според првите сознанија, а добиени врз основа на податоците од двете мерни станици, главната причина за загадувањето на воздухот е употребата на грејните тела во домаќинствата во зимските и месеците кога температурите се пониски.

Page 1 of 16

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544